Пик на новиот бран, активни 16.397 ковид- случаи
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата во државава достигна 245.398, бројот на оздравени пациенти е 220.886, а на починати е 8.115...

Од почетокот на новата година во државава се зголемува бројот на новозараени со Ковид-19. Во моментов активни се 16. 397 случаи. Според податоците што ги објави вчера Министерството за здравство во претходното деноноќие се регистрирани 766 нови случаи на Ковид-19 од направени 3.748 тестови, 12 починати лица, како и 486 оздравени. Од вкупниот број позитивни, регистрирани се и 86 реинфекции.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата во државава достигна 245.398, бројот на оздравени пациенти е 220.886, а на починати е 8.115. Во Скопје има 8.788 активни ковид случаи, по што следи Битола со 1.461, Прилеп – 884, Куманово – 603, Охрид – 581, Кавадарци – 413, Струмица – 338 активни случаи. Во другите градови има под 300 заразени, а во Дојран има само седум активни случаи.
