Пандемија

Во Бугарија од четврток со задолжителен негативен ПЦР тест не постар од 72 часа

18.01.2022 09:19

На сите државјани на Република Северна Македонија, им е дозволен влез во Бугарија со приложување на валиден сертификат за вакцинација против Ковид-19 или сертификат за прележана болест, заедно со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа...

Со најновата одлука на бугарските власт која ќе стапи на сила од 20-ти јануари  (четврток), на сите државјани на Република Северна Македонија, им е дозволен влез во Бугарија со приложување на валиден сертификат за вакцинација против Ковид-19 или сертификат за прележана болест, заедно со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. За влез на малолетни лица од 12 до 18 години, исто така е задолжителен негативен ПЦР тест, информираат од МНР.

Поради влошената епидемиолошка ситуација, велат од МНР, Северна Македонија продолжува да биде во т.н. црвена зона, но со најновата одлука се укинуваат ограничувањата за влез за неесенцијални потреби.