Финансиска поддршка

Во земјоделството лани инвестирани 203,5 милиони евра

18.01.2022 09:34

Во 2021- вата година и покрај здравствената и економската криза во земјоделството биле исплатени 203 милиони евра. Според ресорното министерство во годината која замина реализирани биле сите планирани програми и мерки како и помошта предвидена со ковид пакетите...

Минатата година вкупно 203,5 милиони евра, се директно инвестирани во земјоделскиот сектор, велат од  ресорното министерството. Според податоците, во 2021-ва исто така се реализирани и високи исплати на средства на државна финансиска поддршка во производството на храна и во агробизнисот, тврдат надлежните.

Во услови на светска економска и здравствена криза, ниту еден од процесите во аграрот не бележи поголем застој, а во годината што замина се заокружени и реализирани сите предвидени мерки и програми. Односно, 146 милиони евра се исплатени за двете финансиски програми  и тоа 121 милион за субвенции и 25 за инвестиции во руралниот развој.18 милиони евра  се потрошени за капиталните водостопански инвестиции за решавње на  водоснабдувањето и наводнувањето. За втората фаза на проектот за мелиорација на јужната долина на Вардар се инвестирани 10 милиони евра.

Од средствата за ИПАРД 2 програмата се исплатени скоро 16 милиони евра.12 се учество на европски пари, а 4 милиони од националното кофинансирање.

Со ковид програмата, 5 милиони евра им се исплатени на тутунопроизводителите и 8,5 милиони треба да се исплатат на производителите на грозје, ориз и на јаболка.

Методија Трајков