Во Москва средба на министрите за надворешни работи на Русија и Германија
Аналена Бербок е во Москва, на прво патување откако ја презеде функцијата во декември минатата година. Ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за размена на мислења за најитните меѓународни прашања.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок е во Москва, на прво патување откако ја презеде функцијата во декември минатата година. Ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за размена на мислења за најитните меѓународни прашања.
Двајцата највисоки дипломати ќе разговараат за предлогот на Русија за безбедносните гаранции, билатералните односи, распоредот на политичките контакти, соработката во трговските, економските и хуманитарните области, како и за меѓупарламентарните и регионалните контакти.
