Ковид-19

Вакцинацијата стагнира, интерес само за трета доза

18.01.2022 09:51

Интересот за вакцинацијата останува мал. Единствено непоколебливи се граѓаните за трета доза. Погрешно е мислењето дека е доволно што прележале Ковид-19. Од вакциналниот пункт во Прилеп се категорични- вакцината штити од компликации...

Бројот на новозаразени расте, ама вакцинацијата стагнира. Од Нова година во Прилеп се вакцинирале околу осумстотини граѓани, две третини со трета доза. Погрешно е мислењето, велат надлежните во вакциналниот пункт во Здравствениот дом, дека ако прележале, не треба да се вакцинираат.

Граѓаните со порака дека непоходна е вакцинацијата за да се заштити здравјето и да нема компликации. Особено сега кога Омикрон е доминантен и неколкупати ги зголемува бројките.

Во Прилеп досега е имунизирано 40 насто од населението. Инаку, во болницата се хоспитализирани 21 пациент од кои  две третини се невакцинирани.

 

Елизабета Митреска