Свет

„Модерна“ најавува комбинирана вакцина против корона и грип

18.01.2022 10:22

„Модерна“ најави дека најрано до есента 2023 година во некои земји би можело да се понуди комбинирана вакцина против Ковид-19 и сезонски грип...

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ најави дека најрано до есента 2023 година во некои земји би можело да се понуди комбинирана вакцина против Ковид-19 и сезонски грип.

Директорот на „Модерна“ објасни дека целта на компанијата е да произведе една вакцина за да се избегнат проблеми, а на луѓето ќе им обиде овозможено да примаат само комбинирана доза секоја зима.