Политика

Ковачевски и Петков на тет-а-тет средба

18.01.2022 11:10

Премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков одржуваат тет-а-тет средба, на која се очекува да се дискутира за важноста од континуираната соработка меѓу двете земји и за новата поинтензивна динамика на контактите и на дијалогот којшто е од огромна важност за односите меѓу двете земји...

Со државна церемонија пред платото на Владата, премиерот Димитар Ковачевски, го пречека неговиот бугарски колега, Кирил Петков кој пристигна во еднодневна официјалната посета на нашата земја.

Премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков одржуваат тет-а-тет средба, на која се очекува да се дискутира за важноста од континуираната соработка меѓу двете земји и за новата поинтензивна динамика на контактите и на дијалогот којшто е од огромна важност за односите меѓу двете земји, информираат од владината прес- служба.

Во Владата одделни средби се одржуваат и меѓу заменик на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ со Кристиан Вигенин, заменик-претседател на Народното Собрание на Република Бугарија, министрите за надворешни работи на Република Северна Македонија и на Република Бугарија Бујар Османи и Теодора Генчовска, како и министрите за транспорт и врски на двете држави Благој Бочварски и Николај Сабев.