Путин и официјално се разведе

02.04.2014 15:09

Владимир и Људмила Путин и официјално се разведени потврди денеска Кремљ. Сега веќе поранешната претседателска двојка на Русија не живее заедно од минатото лето. Путин со својата сопруга беше во брак 30 години.

Во официјалната биографија на Путин во која до 27 март пишуваше дека е „оженет со сопругата Људмила Александрова Путин“, сега пишува дека има само две ќерки. Првата дама не се споменува.

Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков потврди за агенцијата „Итар-Тас“ дека „разводот е завршен“.

Брачниот пар  Путин во јуни лани  објави дека ќе се разведе по три децении брак.