Стразбур
Роберта Мецола – нова претседателка на ЕП
18.01.2022 12:12
Пратеничката од Малта е член на Европската народна партија, парламентарна група на Христијанско-демократските и конзервативните политички движења.

Роберта Мецола е наследничка на починатиот претседател на Европскиот Парламент, Давид Сасоли. 43-годишната Мецола е најмладиот претседател во историјата.
Парламентот конечно доби жена претседател по 2002-ра година. Пратеничката од Малта е член на Европската народна партија, парламентарна група на Христијанско-демократските и конзервативните политички движења.
Таа важеше за водечки кандидат, но пречка за нејзината кандидатура беше различниот став на Малта во однос на абортусот во споредба со другите земји од ЕУ каде што е забранет.
