Ковид-19

Омикрон варијантата станува доминантна

18.01.2022 13:18

Половината од новите случаи се во Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Крушево и во Битола. Најмногу од новозаразените се на возраст од 30 до 39 години, а најмал број има кај децата до 9 години.

Во периодот од 10-ти до 16-ти јануари се регистрирани 11.123 новозаразени од Ковид-19, што е за над 33 проценти повеќе во однос на претходната седмица, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Половината од новите случаи се во Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Крушево и во Битола. Најмногу од новозаразените се на возраст од 30 до 39 години, а најмал број има кај децата до 9 години.

Во изминатата недела се пријавени 1.247 реинфекции, што е зголемување за 31 процент. За 34 насто е зголемен бројот на смртни случаи, и изнесува 55. Оздравеле 5.403 пациенти.

Омикрон варијантата на коронавирусот станува доминантна, регистрирана е кај 59 проценти од направените тестирања.