Поголема соработка за заштита на личните податоци
Зајакнување на соработката меѓу земјите на Централна и Источна Европа во областа на заштитата на личните податоци. Ова е главна цел на денешната Меѓународна конференција за заштита на личните податоци, чиј домаќин годинава е Македонија.

„Сите сме со исто мислење дека задничката соработка и заедничките акции само може да придонесе кон развивање на нашите капацитети и кон напредок во областа на заштитата на приватноста“, изјави Димитар Ѓеорѓиевски, директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци.
„Доаѓаат промени во системот за заштита на личните податоци, бидејќи се донесоа нови закони и легислативи, а со новите технологии останува обврската компаниите уште повеќе да се грижат за заштита на личните податоци на граѓаните“, смета Питер Мајкл, Секретар за заштита на лични податоци во Советотна Европската унија.
На настанот учествуваат 30 -ина претставници од националните органи за заштита на личните податоци. Меѓудругото беше разговарано за модернизација на легислативите, видео надзорот на приватен имот и заштита на личните податоци во изборниот процес. Конференцијата ќе трае до утре.