Македонија

Бубевски избран за претседател на ОЈО Скопје

18.01.2022 14:29

Бубевски беше дел од поранешното Специјално јавно обвинителство, а потоа ја продолжи својата работа во скопското Обвинителство. Тој доаѓа на местото на Сашо Рајчев, кој беше избран за виш јавен обвинител.

Обвинителот Гаврил Бубевски е избран за нов претседател на Основното јавно обвинителство – Скопје, објави на својата веб страна Советот на јавни обвинители.

Бубевски беше дел од поранешното Специјално јавно обвинителство, а потоа ја продолжи својата работа во скопското Обвинителство. Тој доаѓа на местото на Сашо Рајчев, кој беше избран за виш јавен обвинител.

Советот на јавните обвинители на денешната 42-ра седница ги избра Соња Симовска и Љупчо Коцевски за обвинители во Јавното обвинителство на РСМ, Стевчо Донев за обвинител во Вишото јавно обвинителство Штип и Бесир Алиу за основен јавен обвинител на ОЈО Тетово.