Второто полугодие ќе почне на 1-ви февруари, земјава се наоѓа во пикот на заразата
Второто полугодие ќе стартува од 1-ви февруари, а учебната година ќе заврши на 10-ти јуни, реши Владата. Ваквото решение доаѓа по препорака на Главниот кризен штаб за справување со ковид-пандемијата. Лекарите велат дека земјата се наоѓа во пикот, продолжува да се следи состојбата и понатаму...

Надлежните ги послушаа советите на епидемиолозите, земјата се наоѓа во пикот на заразата- учениците да останат дома. Главниот координативен кризен штаб пресече, учебната година ќе почне во првите денови во месец февруари. Притоа, и нагласија дека учебната година нема да биде продолжена, туку ќе заврши на 10-ти јуни.
Од Министерството за образование апелираат до родителите, наставниците и учениците и за време на продолжениот распуст максимално да се придржуваат до мерките и препораките за заштита од Ковид-19, во домашни услови и на отворено. Лекарите велат, периодов актулени се настинките и сезонскиот вирус.
Зголемениот интензитет на амбулантски прегелди кој почна по Нова година сè уште трае. Во моментот, во амулантите во „Колзе“ за 24 часа околу стотина деца бараат лекарска помош. Од најголем број се на возраст од од 9 до 16 години, вели првриот човек на болницата. Хоспитализираните деца се ковид позитивни и се добра општа состојба, ниту едно од нив не е на кислородна поддршка.
Наташа Јанчиќ Менковски
