Политика

Петков на средби со претставници на државниот врв

18.01.2022 18:43

Премиерот Петков на состаноци со претставници на државниот врв. Шефот на државата Пендаровски изразил поддршка за започнатиот дијалог и намерите за интензивирање на разговорите и истакнал дека надминувањето на меѓусебните недоразбирања е важно за непречено одвивање на евроинтегративниот процес но и за неутрализирање на растечкиот евроскептицизам.

Еднодневната официјална посета на бугарската делегација се проширува и со средби надвор од Владата. Премиерот Петков на состаноци со претставници на државниот врв. Шефот на државата Пендаровски изразил поддршка за започнатиот дијалог и намерите за интензивирање на разговорите и истакнал дека надминувањето на меѓусебните недоразбирања е важно за непречено одвивање на евроинтегративниот процес но и за неутрализирање на растечкиот евроскептицизам. Претседателот посочил дека е потребно враќање на довербата меѓу двете влади, што ќе придонесе за засилување на добрососедските односи и политичкиот дијалог за чувствителните прашања.

За средбата со бугарскиот премиер информираше и спикерот Џафери. Двајцата функционери заклучиле дека средбата на ниво на претседатели на собранија треба да се реализира што поскоро. Џафери истакнал дека е потребно зеднички да се креираат конзистентни економски политики, а добрите економски односи во регионот мора да бидат придружувани со добри политички односи, затоа што само на тој начин развојот на нашиот регион ќе се движи во нагорна линија.

Во агендата на бугарскиот премиер се запишани и средби со претседателите на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети и Христијан Мицкоски.

Анита Димитријевска Велковска