Македонија

Државниот врв и политичките лидери со честитки до верниците по повод Богојавление- Водици

19.01.2022 10:10

Претседателот Пендаровски со повик - нека осветувањето на македонските води биде наша духовна поткрепа во надминувањето на сите тешкотии, да се издигнеме над сите неволји и проблеми.

Државниот врв и политичките лидери со честитки до верниците по повод големиот христијански празник Богојавление - Водици.

Претседателот Пендаровски со повик - нека осветувањето на македонските води биде наша духовна поткрепа во надминувањето на сите тешкотии, да се издигнеме над сите неволји и проблеми.

Собранискиот спикер Џафери вели - ова се времиња на предизвици од најразлична природа, економска, здравствена, политичка. Имаме одговорност да го дадеме најдоброто од себе, да го вложиме максимумот денес, затоа што тоа ќе биде од значајна полза утре.

Празникот го честиташе и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој вели дека овој ден ја носи пораката дека секое искушение и предизвик можат да биде надминати ако сме водени од љубовта кон бога, љубовта кон своите ближни, кон нашите пријатели и соседи.

Минатото нè учи, пишува Мицкоски, дека ако се сака и се има верба во капацитетот на сопствениот народ, може да се направи подобро утре.