Учениците на продолжен распуст
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири вчера изјави дека за приспособувањето на наставните планови, согласно владината одлука, МОН е веќе во координација со Бирото за образование и наука.

Околу 255 илјади ученици наместо утре, во училишните клупи ќе се вратат на 1-ви февруари поради влошената епидемиoлошка состојба и проценката дека земјата се наоѓа во пик на Ковид-заразата. Одлуката за одложен почеток на второто полугодие ја донесе Владата по препорака на Главниот координативен кризен штаб, а на седница вчера таа го утврди и бројот на наставни денови во вонредни околности со кои учебната 2021/2022 година ќе заврши во редовниот термин, 10-ти јуни 2022-ра.
Во сите училишта (основни и средни) се утврдени 172 наставни денови, освен за средношколците во завршна година за кои се утврдени 158.
Со одлуката се овозможува соодветна адаптација на наставните програми со цел запазување на датумот 10 јуни како краен рок за завршување на учебната година, соопшти Владата по седницата.
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири вчера изјави дека за приспособувањето на наставните планови, согласно владината одлука, МОН е веќе во координација со Бирото за образование и наука.
Тој апелираше до родителите, наставниците и учениците и за време на продолжениот распуст максимално да се придржуваат до мерките и препораките за заштита од Ковид-19, во домашни услови и на отворено.
