Празник

Богојавление- Водици во Скопје во знакот на заедништвото

19.01.2022 14:25

Точно напладне поглаварот на МПЦ- Охридска Архиепископија, господин господин Стефан го положи чесниот крст во водите на Вардар. Годинава немаше традиционално скокање по крстот, а учесниците го дочекаа заедно прегрнати...

Фатени за рака влегоа во студените води на вардар, прегрнати го дочекаа спуштањето на светиот крст. Дваесетината најхрабри момчиња кои годинава учествуваа на централната манифестација во македонската престолнина велат – крстот го фативме сите заедно за да манифестираме сплотеност и заедништво, од материјалните наградите се откажуваме.

Огромен број верници го проследија спуштањето на светиот крст во водите на Вардар. Здравје и љубов е она што православните верници го посакуваат за своите блиски, но и за сите граѓани.

Централната манифестација беше во организација на Скопската епархија. Почна изутрината со двочасовна литургија во црквата Пресвета Богородица, со ограничен број посетители поради ковид пандемијата.

Потоа, поворката од црквата Пресвета Богородица се упати кон мостот „Слобода“, каде што точно напладне чесниот крст беше спуштен во водите на Вардар.

                                                                                                                                         

Марија Котовска