Ковид-19

Расте бројот на заразени, се зголемува притисокот врз болниците

19.01.2022 13:31

Во последните 24 часа нов рекорд на заразени со Ковид-19. Зголемен број и на реинфекции. Омикрон доминира, се зголемува притисокот врз болниците. Лекарите апелираат на почитување на мерките за заштита од Ковид-19 и на вакцинација…

Само за еден ден, повеќе од 130 заразени со коронавирусот побарале лекарска помош во амбулантата на Инфективната клиника. Бројките галопирачки растат. Во Македонија е сè уште активен и делта видот, па во овој период има и многу хоспитализации.

Во моментот на Инфективната клиника капацитетите се речиси пополнети. 70 пациенти се борат со коронавирусот. Сите се со средно тешка и тешка клиничка слика. 41 од нив се на високи концентрации кислород, додека петмина се на неинвазивна механичка вентилација.

И во Градската општа болница „8 Септември“, болничките капацитетите пополнети. По некој слободен кревет може да се најде на одделите. Голем број од пациентите се на високи концентрации на кислород. Постојано очекуваат трансфери на нови пациенти.

Според извештаите од болниците моментално се хоспитализирани 439 пациенти, 25,1% повеќе во споредба со претходна недела, речиси половина од нив се на кислородна поддршка. Четири пати повеќе во споредба со претходната недела има пациенти има на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

25,4% од заболените кои имале контакт со позитивен случај три дена пред почетокот на симптоми и добивање на позитивен резултат. Заклучно со 16.01.2022 вкупно се регистрирани 3.380 реинфекции, од кои седум се втори реинфекции.

Наташа Јанчиќ Менковски