Драма во авион на Луфтханза, косовски азилант со брич расекол стјуардеса

02.04.2014 15:45

Патник во авион на „Луфтханза“, што вчера летал од Минхен за Будимпешта, за кого германските медиуми пишуваат дека најверојатно е азилант од Косово, за време на летот и се заканувал на една од стјуардесите, поради што летот бил прекинат, а авионот бил вратен во Минхен.

Дел од медиумите наведуваат дека патникот е уапсен, а стјуардесата минала со полесна повреда на раката.

Според  весникот „Зидојче цајтунг“, човекот кој со брич или нож и се заканувал на стјуардесата, најверојатно, е протеран азилант од Косово на возраст од 33 години, кој, според првичните информации, требало да биде вратен во земјата на своето потекло.

За сега е непознато како човекот успеал покрај безбедносните контроли во авионот да внесе брич или нож, пренесуваат германските медиуми.