Сообраќај

МВР: 101 санкционирани возачи во Скопје, 22 за брзо возење

20.01.2022 10:10

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за нерегистрирани возила, три за возач почетник.

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 101 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за возење под дејство на алкохол, информираат од МВР.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за нерегистрирани возила, три за возач почетник.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштуваат од Министерството.