Политика

Мицкоски го повтори барањето за избори, но без техничка влада

20.01.2022 10:40

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека до Собранието ќе достават измени на Изборниот законик за укинување на техничката влада сто дена пред избори, воспоставена со Пржинскиот договор...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го повтори барањето за предвремени парламентарни избори. Но, овојпат, без техничка влада. Најави дека до Собранието ќе достават измени на Изборниот законик за укинување на техничката влада сто дена пред избори, воспоставена со Пржинскиот договор.

Социјалдемократите со реакција-избори нема, парламентарното мнозинство е зголемено, избрана е нова влада. Мицкоски да престане да опструира и да ја малтретира јавноста со неговите лични желби, се вели во одговорот од СДСМ.

Според нив, Мицкоски го интересираат единствено избори и како да се дојде до власт, иако и граѓаните и целата јавност е против.