Здравство

Секој трет тестиран за Ковид-19 е позитивен

20.01.2022 10:46

Бројот на активни случаи со Ковид- 19 секојдневно се зголемува. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, нивниот број во државава достигна 18.498...

Според последниот извештај од здравство, регистрирани се 2.051 нов случај на заразени со коронавирусот. 276 биле реинфекции. 32 проценти од направените 6.353 тестови биле со позитивен резултат, речиси секој трет што се тестирал бил позитивен.

Како оздравени се водат 747 пациенти. Битката со коронавирусот ја изгубиле седуммина. Најмладиот на возраст од 48 години, но дополнително, во регистарот на умрени се внесени уште седум починати во периодот од 8 до 14 јануари.

Во моментов во земјава има 18.498 активни случаи.