Енергетска криза

ЕСМ од утре ги презема БЕГ и Скопје Север

20.01.2022 11:19

Ден пред државната ЕСМ да го презема раководењето со двете компании, од владејачката СДСМ ја обвинуваат градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска дека ги игнорирала барањата за помош и потребите на скопјани.

ЕСМ од утре го презема управувањето со БЕГ и со „Скопје Север“, што следува по прогласувањето на кризна состојба со снабдувањето во топлинска енергија што предизвика проблеми со парното во главниот град.

Ден пред државната ЕСМ да го презема раководењето со двете компании, од владејачката СДСМ ја обвинуваат градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска дека ги игнорирала барањата за помош и потребите на скопјани.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, повторно го обвинија премиерот Димитар Ковачевски, дека како заменик-министер за финансии во претходната влада, бил меѓу оние кои предизвикале да порасне цената на парното.