Од денес аплицирање за субвенциониран студентски оброк за студентите кои досега не го оствариле ова право
Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк е дигитализирано. Се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk, со прикачување на само два документи...
Од денес до 31-ви јануари повторно е достапна можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, за студенти кои ги исполнуваат условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, но не успеале да се пријават и / или да го остварат ова право до сега. Оваа можност е достапна секој месец и тоа од 20-ти до 30-ти, односно 31-ви во месецот, информираат од Министерството за образование и наука.
Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк е дигитализирано. Се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk, со прикачување на само два документи – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка.
Досега, правото на субвенциониран студентски оброк го остварија над 27 илјади студенти на кои редовно им се префрлаат средства на личните трансакциски сметки.
