Омикрон забрзано се шири, рекорден број на заболени во светот
Омикрон сојот забрзано се шири во светот. Рекорден број новозаболени е регистриран во неколку европски земји. Во Австрија денеска парламентот планира да гласа за воведување задолжителна вакцинација против Ковид-19. Зголемен број новозаболени има и во Израел, земјата со висок степен на вакцинација, но бројот на хоспитализации е намален. Велика Британија ги укинува рестриктивните мерки.
Омикрон варијантата на коронавирусот нов предизвик за светот. Активните случаи постојано се зголемуваат. Рекорден број новозаболени на дневно ниво е евидентиран во Франција. Во едно деноноќје се пријавени над 430 илјади нови случаи. Расте бројот и на хоспитализираните, но опаѓа на пациентите кои се на интензивна нега. Властите во Нов Зеланд најавуваат воведување црвен аларм во наредните 24 до 38 часа поради ширењето на Омикрон сојот. Ќе се воведат рестриктивни мерки, но се исклучува можноста од целосно затворање. И во јапонија се воведуваат построги рестриктивни мерки.
Омиркон варијантата толку забрзано се шири, што ги оспори сите вообичаени мерки што претходно беа применливи.
”Секој ден некој од персоналот бара слободни денови од работа, бидејќи биле во контакт со заболен.”
Велика Британија, најави укинување на сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата со Ковид-19. Владата најави дефинирана долгорочна стратегија за живеење со коронавирусот.
“Од наредниот четврток се укинува задолжителното носење маски, овие промени ќе стапат на сила побрзо во училиштата каде што веќе не е задолжитено носењето на заштитната маска” изјави Саџит Џавид – државен секретар во министерство за здравство.
Рекордно зголемување на новозаболени се евидентирани и во Израел земјата со висок процент на вакцинирани. За 24 часа се пријавени над 70 илјади нови случаи. Здравствените власти велат дека новиот бран е голем предизвик бидејќи бројките се огромни. Предупредуваат оти бројот на новозаболени е многу повисок, бидејќи министертово не може да достави точен извештај за бројот на новозаразени веќе трет ден поради преоптовареност на компјутерските системи.
Маја Стојанова
