Првиот балкански бомбаш-самоубиец
Бљерим Хета од Урошевац е првиот бомбаш-самоубиец од Балканот. Пред една недела се разнесе во Багдад и притоа усмрти 52 лица. Пред заминувањето во Ирак, Хета работел во американската база Бондстил.
Бљерим Хета од Урошевац е првиот бомбаш-самоубиец од Балканот. Пред една недела се разнесе во Багдад и притоа усмрти 52 лица. Пред заминувањето во Ирак, Хета работел во американската база Бондстил.
Косовскиот Албанец Бљерим Хета ден пред бомбашкиот чин им се јавил на домашните и им рекол дека наскоро ќе се ,,сретне со Алах“. Семејството ја потврдило неговата смрт, а косовските власти се уште не се изјаснуваат за овој случај. Веста е потврдена и на сајтот на блиска организација на Ал Каеда, а Хета се спомнува под името Абу Хабаб. Така всушност стана првиот документиран случај, иако претходно се споменуваа наводни бомбаши-самоубијци од Босна. Неговото семјство верувало дека Бљерим е некаде во Сирија. Татко му Ремзи изјавил ,,по се што се случи, не сакам да чујам за вера... Мојот син е заведен. Ние сме семејство што ги поддржува европските вредности, а не екстремистичките.“
Семејството тврди дека Бљерим пред да замине во Ирак ги слушал предавањата на Шефќет Красниќи во Косово, но и на Бекир Халими Еид Омер во Македонија.
С.С
