Џафери на средба со високиот комесар на ОБСЕ Абдракхманов
Високиот комесар за национални малцинства истакнал дека стои на располагање за поддршка и помош во текот на нашето претседателство со ОБСЕ

Претседателот на собранието Талат Џафери се сретна со новоназначениот висок комесар на ОБСЕ за национални малцинства Каират Абдракхманов.
Гостинот бил информиран дека како следен претседавач на ОБСЕ 2023-та ќе се промовираат приоритети од заеднички интерес на сите земји членки, вклучувајќи унапредување на човековите и малцинските права.
Високиот комесар за национални малцинства истакнал дека стои на располагање за поддршка и помош во текот на нашето претседателство со ОБСЕ.
Двајцата соговорници се согласиле дека Република Северна Македонија се издвојува како позитивен пример за функционална мултиетничка демократија согласно вредностите и заложбите на ОБСЕ.
