СДСМ со понуда за учество во работните групи
Отворена понуда од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ и сите политички партнери за учество во работните групи во дијалогот со Бугарија. Опозицијата со став- нема да учествуваме само за да бидеме декоративен елемент на власта, и да и дадеме легитимитет во погрешното функционирање...

Отворена понуда од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ и сите политички партнери за учество во работните групи во дијалогот со Бугарија. СДСМ со став е потребен партерски однос од сите политички субјекти, а во интерес на подобрување на односите со источниот сосед, со цел почнување на преговорите со ЕУ. Сепак предупредуваат дека најголемата опозициска партија изминатиов период, отворените прашања со Бугарија ги користела за политичко поентирање пред граѓаните.
„Секоја помош од која било партија која има чесни намери да помогне, е добредојдена за да придонесе во дијалогот, но нема да дозволиме ситно политикантство кое го видовме од ВМРО за да добијат ситни политички поени, врз база на нарушување на односите. Таков партнер не ни е потребен“, изјави Дарко Каевски од СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ уверуваат дека до нив сè уште не е доставена понакана за учество, но и со став дека конструктивноста не значи потврдување на одлуките на власта.
„Таква покана ВМРО-ДПМНЕ сè уште нема, а доколку стигне нема да учествуваме само за да бидеме декоративен елемент на власта и да дадеме легитимитет на нивното погрешно функционирање“, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Од партијата го повторуваат апелот министерот за надворешни работи да учествува во работата на Комисијата за надворешни работи во Собранието и да даде отчет за досега сработеното.
Марина Стојанова Тонева
