политика

ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме на избори без техничка влада

20.01.2022 13:37

ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за предвремени парламентарни избори без техничка влада и со една изборна единица. Државата мора да излезе од кризите во кои не вовлекоа СДСМ и ДУИ, став на опозицијата.Социјалдемократите велат - парламентарни избори ќе има во 2024 година.

Единствената заложба на ВМРО-ДПМНЕ е да се решаваат вистинските проблеми на граѓаните и државата да излезе од четирите кризи во кои се наоѓаме, поради како што велат од партијата, лошото владеење на СДСМ и ДУИ. Од таму го повторија барањето за предвремени парламентарни избори, но и подготвеноста со измени на изборниот законик да се укине пржинската влада. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да дијалог за барањето на условно помалите политички партии за една изборна единица.

Од СДСМ децидни-не е време за предвремени избори. Редовни парламентарни ќе има 2024 година. Владата има полн легитимитет и во периодот што следи треба да ги спроведе сите реформи и проекти во интерес на граѓаните, сметаат од партијата.

И Алијансата за Албанците бара предвремени избори, но од опозициската партија сметаат дека на новата влада треба да и се дадат сто дена. Генералниот секретар на партијата Таравари за МТВ вели дека новата извршна власт ќе има криза на легитимитет, бидејќи актуелниот премиер Ковачевски никогаш не излегол на избори. Според него, наесен неизбежни се предвремени избори.
 

Игор Панов