економија

Муцунски го презентираше буџетот на општина Аеродром тежок 728 милиони денари

20.01.2022 14:10

Буџетот во вредност од 728 милиони денари ќе се инвестира во повеќе сектори – образование, спорт и млади, урбанизам, граѓански сектор, инфраструктура, екологија и животна средина.

Промените се случуваат, а со нашиот буџет ќе инвестираме во секој дел од општината, истакна градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, на презентацијата на развојниот буџет за 2022- ра година. Буџетот во вредност од 728 милиони денари ќе се инвестира во повеќе сектори – образование, спорт и млади, урбанизам, граѓански сектор, инфраструктура, екологија и животна средина.

Во секторот млади и спорт ќе се инвестираат 5 милиони денари за поддршка на спротските клубови, развој на спортот, реконструкција на детски игралишта и бесплатно пливање за првачињата. Во рамки на секторот образование, ќе се реновираат сите основни училишта, ќе се изградат три нови градинки и ќе има нови таблети за учениците од прво и четврто одделение и смарт табли за училиштата.

Грдоначалникот муцунски најави и голем број на културно социјално општествени проекти како и фестивал во летниот период. Во фокусот ќе бидат и екологијата и животната средина. Од презентацијата беше ветено дека аеродром ќе стане општина со нула корупција.

Марија Котовска