Милева: Доказите се прибавени, следува обвинение
Преостанува запознавањето на роднините на загинатите во незгодата со своите права во согласност со бугарското законодавство вели портпаролката на јавното обвинителство на Бугарија Сијка Милева.

Собрани се огромен број докази, неопходни за расветлување на вистината за трагедијата на автопатот Струма. Преостанува запознавањето на роднините на загинатите во незгодата со своите права во согласност со бугарското законодавство, вели портпаролката на јавното обвинителство на Бугарија Сијка Милева.
Според тамошното законодавство наследниците на жртвите имаат право да поднесат граѓанска тужба во судска постапка. Шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Русковска за МТВ тврди дека информираше за барањето кое не било пристигнато. Според Русковска првин ќе треба да го прочита, па потоа да им се објасни каква помош може да добијат.
Роднините на настраданите изразија интерес за сопственоста на жртвите што ја поседувале при несреќата. Според Милева, тие веќе биле вратени во Македонија.
Од скопското обвинителство укажуваат дека сите предмети се во крим-техника, во Министерството за внатрешни работи и дека роднините не треба да се грижат. Сепак, велат ќе биде потребно повеќе време за да се утврди кои предмети кому му припаѓаат по што ќе бидат соодветно вратени на наследниците.
Фиљана Кока
