Реџалари елиминиран
Јасин Реџалари го заврши настапот на Европското првенство во борење-слободен стил во финскиот град Ванта. Македонскиот репрезентативец стартуваше со победа во категоријата до 61 килограм, откако во првото коло го совлада Литванецот Шарунас Јурцис. Во второто коло Реџалари беше поразен од Русинот Јасин Гоигерев, но и покрај поразот доби шанса за трето излегување на душекот. Во „репесажот“ ја загуби борбата од Полјакот Криштоф Бјенковски.

Почетокот на Европското првенство е во знак на борачите од Русија. Во двете досега финализирани категории ги освоија златните медали. Могамед Курбаналиев најдобар во борбите до 65 килограми, а Абдусалам Гадисов се избори за титулата во категоријата до 97 килограми.