свет

Шест жртви, од кои две деца, во напад во северниот дел на Сирија

21.01.2022 10:26

Сириската опсерваторија за човекови права тврди дека е непознато кој го извршил нападот, но проектилите биле истрелани од областа каде што се распоредени владините сили и Курдите.

Шестмина цивили, меѓу кои две деца, загинаа, а 30 се повредени во бомбардирањето на северниот сириски град Африн. Тој е под контрола на турските сили и нивните сириски сојузници.

Сириската опсерваторија за човекови права тврди дека е непознато кој го извршил нападот, но проектилите биле истрелани од областа каде што се распоредени владините сили и Курдите.