Енергетска криза

ЕСМ од денеска го презема управувањето со БЕГ

21.01.2022 10:52

Откако Владата вчера го одобри текстот на Договорот за деловно-техничка соработка, со кој се регулираат меѓусебните права на Производство на топлина Балкан Енерџи (БЕГ) и Електрани на Македонија (АД ЕСМ), од денеска ЕСМ треба да го преземе управувањето со топлинската енергија...

Откако Владата вчера го одобри текстот на Договорот за деловно-техничка соработка, со кој се регулираат меѓусебните права на Производство на топлина Балкан Енерџи (БЕГ) и Електрани на Македонија (АД ЕСМ), од денеска ЕСМ треба да го преземе управувањето со топлинската енергија.

Согласно овој договор, БЕГ ќе го стави на увид на АД ЕСМ целокупното свое деловно работење до денот на склучување на овој договор, а од денот на склучување на овој Договор ќе му даде согласност на АД ЕСМ да управува со сите деловни активности на БЕГ, со сите трансакциски сметки, како и со наменската сметка која што БЕГ ќе ја отвори исклучиво за потребите на овој Договор за деловно техничка соработка, соопшти вчера владината Прес-служба.

Владата на вчерашната четврта седница исто така донесе и Одлука за обезбедување дополнителни количества топлинска енергија во услови на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.