МВР: Сторителот на сообраќајката кај „Сити мол“ е приведен
Во сообраќајната несреќа почина женско лице откако во неа удрило возило управувано од Ј.Ѓ. (22). Во моментот кога девојката преминувала улица на пешачки премин, автомобил „Цитроен“ ја прегазил и ја фрлил неколку метри со што таа се здобила со смртни повреди.

По насока на јавен обвинител кој ја води истрагата за сообраќајката кај „Сити мол“, сторителот е приведен и земени се крв и урина за утврдување на тоа дали има присуство на алкохол и опојни дроги, соопшти МВР.
Во сообраќајната несреќа почина женско лице откако во неа удрило возило управувано од Ј.Ѓ. (22). Во моментот кога девојката преминувала улица на пешачки премин, автомобил „Цитроен“ ја прегазил и ја фрлил неколку метри со што таа се здобила со смртни повреди.
Автомобилот кој ја удрил девојката претекнувал друг автомобил кој застанал на пешачкиот премин. Од МВР соопштија дека автомобилот удрил во две лица од Радовиш.
