Македонија
Укината забраната за тешки товарни возила на Деве Баир
21.01.2022 11:32
Забраната што беше воведена поради обилните врнежи од снег е укината во 10.30 часот.

Укината е забраната за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – Г.П. Деве Баир, соопштија од АМСМ.
Забраната што беше воведена поради обилните врнежи од снег е укината во 10.30 часот.
Во сила се забраните за камиони на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патот R1202 Дебар – Маврово.
