политика

Телефонски разговор Пендаровски-Радев

21.01.2022 13:03

Двајцата претседатели разговарале за најновиот развој на билатералните односи меѓу двете соседни држави во светло на неодамнешната посета на премиерот Петков на Скопје.

Претседателот Пендаровски оствари телефонски разговор со бугарскиот претседател Радев. Двајцата претседатели разговарале за најновиот развој на билатералните односи меѓу двете соседни држави во светло на неодамнешната посета на премиерот Петков на Скопје, како и претстојните активности во Софија.

Македонскиот претседател го поздрави воспоставениот дијалог меѓу двете влади и ја истакна подготвеноста на Република Северна Македонија за негово интензивирање во наредниот период, велат од кабинетот на Пендаровски. Пендаровски и Радев разговарале и за можноста за скорешна официјална посета на македонскиот шеф на државата на Софија и за интензивирање на комуникацијата на највисоко ниво.