Проблемот со аерозагадувањето бара радикални решенија
За аерозагадувањето потребно е многу да се направи. Мора да има баланс меѓу стабилното снабдување со енергија од една и последиците од друга страна, велат од делегацијата на Европската унија.

Локалната и централната власт не прават доволно за подигнување на квалитетот на животната средина, даваат препораки или таканаречени „козметички мерки“, но радикалните проблеми како загадувањето бараат радикални решенија, велат невладините. Потенцираат дека потребни се храбри луѓе на важните позиции, што ќе преземат конкретни а не популистички мерки. Бараат повеќе пари за модернизација на индустријата. Според нив, клучна е улогата на инспекторите за животна средина и да се казнуваат загадувачите.
За аерозагадувањето потребно е многу да се направи. Мора да има баланс меѓу стабилното снабдување со енергија од една и последиците од друга страна, велат од делегацијата на Европската унија
„Ова може да се направи само со брз трансфер од фосилни горива кон обновливите извори … кога ја гледаме моменталната состојба на пазарот на енергија, имајќи ги предвид непостојаноста и несигурноста на снабдувањето со фосилни горива, ова е единствениот правец каде што треба да се движиме“ изјави Штефен Худолин ,шеф за соработка на делегацијата на Европската унија
Во Македонија заштитата на животната средина е единствена област во која нема никакви поделби. Сите сакаме да живееме во почиста околина, да дишеме почист воздух и да имаме поквалитетен живот, велат од институтот за комуникациски студии.
Ако не се казнуваат загадувачите, тогаш профитот е многу поголем. Воздухот што го дишеме е ист, како и водата што ја пиеме. За загадувачите нема посебна капсула, велат од институтот.
Александра Спировска
