Резултатите за спектакл во реваншите

02.04.2014 16:30

Искуството не и помогна на Барселона за да оствари предност над Атлетико на својот „Камп ноу“. Иако во претходните шест сезони беше полуфиналист, поведе тимот којшто последен пат се најде меѓу четирите најдобри во далечната 1997-ма. Голот на Диего во 56-тата минута го неутрализираше Нејмар во 71-та. Двата тима и натаму се непоразени во шампионската конкуренција, а резултатот гарантира спектакл на „Висенте Калдерон“ наредната среда.

На исти позиции се и актуелниот првак Баерн и Манчестер јунајтед. Финалистите од 99-тата во јубилејниот десетти меѓусебен натпревар го одиграа петтото реми. И на „Олд трафорд“ мрежите се тресеа во второто полувреме. Видиќ во 58-та минута стрелаше за англискиот, а Швајнштајгер во 67-та за германскиот гигант.