Енергетика
Владата ќе му префрли шест милиони евра на ЕСМ за да го преземе управувањето со БЕГ и Скопје Север
21.01.2022 13:16
Министерот за економија Бектеши уверува дека скопјани греење ќе имаат од 5 наутро до 1 часот по полноќ...

ЕСМ го презема управувањето со БЕГ и со Скопје Север. Владата донесе одлука за обезбедување дополнителни количини топлинска енергија во услови на кризна состојба, од домашно производство.
За годинава, на сметката на државни електрани од буџетот дополнително ќе легнат шест милиони евра. Ќе се склучуваат договори за уредување на меѓусебните односи меѓу вршителите на енергетските дејности поради обезбедување на сигурност во снабдувањето со топлинска енергија.
Министерот за економија Бектеши уверува дека скопјани греење ќе имаат од 5 наутро до 1 часот по полноќ и дека температурата нема да биде под 20 степени.
