Политика

Формирани работните групи за соработка меѓу Скопје и Софија

21.01.2022 14:09

Работните групи се однесуваат на инфраструктура и транспорт, евроинтеграции, култура, наука и образование.

Македонската Влада ги назначи министрите кои ќе бидат ко- претседавачи и членови на работните групи за спроведувањето на договорот за пријателство со Бугарија. Работните групи се однесуваат на инфраструктура и транспорт, евроинтеграции, култура, наука и образование.

Работна група за економија-  Фатмир Битиќи и Фатмир Бесими.
Група за инфраструктура- Благој Бочварски и Горан Милевски.
Европска интеграција и зелени политики- Бојан Маричиќ, Славица Грковска, Насер Нуредини.
Групата за култура и образование Артан Груби, Бисера Костадиновска- Стојчевска и Јетон Шаќири.

Владата дополнително ќе назначи и ко-претседавачи и членови за работната група од министерствата за внатрешни работи, за одбрана, за здравство и за труд и социјална политика.

ВМРО – ДПМНЕ со став дека економската соработка меѓу двете држави треба да се зголеми за добробит на граѓаните.

И покрај позитивниот став на опозициската партија, ВМРО-ДПМНЕ ја одби поканата за учество во работните групи бидејќи сметаат дека нивните претставници би претставувале декор, без да се почитува партискиот став за значајните прашања.

Миле Ристески