Македонија под снег,службите на терен
Снегот – радост за децата, но дали и за возачите..

Скопјани се разбудија под бела покривка. Снегот – радост за децата, но дали и за возачите кои ги чистеа автомобилите и по влажни коловози доползуваа до работните места. Ако седнувате зад воланот, се препорачува дополнителна внимателност затоа што подмрзнатите улици низ годините често биле причина за незгоди. Треба да внимаваат и пешаците.
Од Црвениот крст велат дека ги засилиле резервите на храна и средства за хигиена за регионите и селата каде постои опасност да бидат отсечени поради снежните наноси. Нашите сограѓани кои немаат кров над главата и живеат бездомнички живот може да се засолнат во прифатниот центар во Момин Поток и таму да ја добијат потребната нега.
Метеоролозите не најавуваат нови снежни врнежи, но предупредуваат на исклучително студено време, со температури и до десет под нулата.
Анита Д. Велковска
