Мора да има официјални ковид-психолошки советувалишта
Психолозите во земјава бараат официјални ковид-психолошки советувалишта. Две години работат со граѓаните кои ги чувствуваат траумите од пандемијата, но нема системски решенија. Велат ќе помогнат, ама заборавивме да ја лекуваме душата.

Во земјава мора да има официјални психолошки ковид-советувалишта, бараат психолозите. Речиси две години македонските психолози помагаат да се надминат траумите на населението, но тоа е неофицијално, несистемски. Од психолошката комора на Македонија велат дека на сите нивни напори никој не одговорил. Дијазепамот само го одложува проблемот. Системското решение е преку потребно.
Во 90 насто случаи психолозите две години работат на ковид-траумите. Приказните се потресни, особено каде има загуба на член од семејството, а се јавува и вина. Младите се најмногу на удар.
Официјалните ковид-психолошки советувалишта ќе помогнат да се излекува душата на секој граѓанин. Комората нуди помош.
Психолозите предупредуваат-ако не дејствуваме експресно за отворање официјални ковид-психолошки советувалишта, ќе ја загубиме смислата на променетиот начин на живеење.
Елизабета Митреска
