ковид 19

Болниците забрзано се полнат

21.01.2022 15:12

Фреквенцијата на пациенти со ковид симптоми во амбулантите на клиниката не стивнува. Стотина прегледи на ден, болничките капацитети речиси пополнети. Хоспитализираните со тешка клиничка слика.

Расте бројот на хоспитализирани пациенти во болницата во Прилеп. За еден ден хоспитализирани 7 пациенти. Дваесет пациенти се на кислородна поддршка.

Во Штип има денови кога и 15 пациенти се хоспитализирани. Од 52 хоспитализирани, 37 се со тешка клиничка слика.

Фреквенцијата на пациенти со ковид симптоми во амбулантите на клиниката не стивнува. Стотина прегледи на ден, болничките капацитети речиси пополнети. Хоспитализираните со тешка клиничка слика.

Bo моментот во ковид центрите во болниците се лекуваат вкупно 512 пациенти. Од нив 177 се во ковид центрите во Скопје, а 335 на инфективните одделенија во земјава.

Според дневната евиденција на министерството за здравство, во моментот има 188 слободни кревети за пациенти со компликации од вирусот ковид-19.

Модуларните болници ќе се отвораат кога ќе се пополнат капацитетите на инфективните одделенија во рамки на болниците во земјава.

Наташа Ј. Менковски