МВР: Се работи на целосно расветлување на тешката сообраќајка во Карпош
Од МВР велат – во континуитет работиме и превентивно и репресивно за да ги санкционираме возачите кои со своето однесување и непочитувањето на сообраќајните правила предизвикуваат слични трагедии.

По синоќешната тешка сообраќајна несреќа во скопски Карпош во која 24 годишна девојка го загуби животот, додека нејзин врсник беше повреден, МВР и јавното обвинителство ги преземаат сите мерки за брзо расчистување на инцидентот. До несреќата дошло кога патнички автомобил управуван од 22-годишник, удрил во двајцата пешаци кои ја минувале улицата.
По наредба на јавниот обвинител, МВР го лиши возачот од слобода. Направени му се вештачења на крв и на урина за да се утврди евентуално присуство на алкохол и дрога. Наложена е обдукција на телото на починатата.
Од МВР велат – во континуитет работиме и превентивно и репресивно за да ги санкционираме возачите кои со своето однесување и непочитувањето на сообраќајните правила предизвикуваат слични трагедии.
Ангеловски вели – иако бројот на сообраќајни несреќи со жртви лани значително опадна во споредба со претходните, за нас и една жртва е многу. Од МВР повторно повикаа – сите учесници во сообраќајот да ги беспрекорно почитуваат прописите.
Марија Котовска
