Започнува втората зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура
На шестдневната настава ќе учествуваат истакнати имиња на славистиката, универзитетски професори и автори на референтни истражувања на европската и светската филологија, но и млади истражувачи, слависти и македонисти, идни афирматори на македонскиот јазик.

Над четириесет странски македонисти и слависти од седумнаесет земји, преку виртуелна настава ќе ги продлабочат своите познавања и ќе согледаат нови предизвици од областа на македонскиот јазик, литература и култура, преку втората зимска школа на Меѓународниот семинар на универзитетот свети Кирил и Методиј.
На шестдневната настава ќе учествуваат истакнати имиња на славистиката, универзитетски професори и автори на референтни истражувања на европската и светската филологија, но и млади истражувачи, слависти и македонисти, идни афирматори на македонскиот јазик. Со вас, странските македонисти, студенти, професори истражувачи и преведувачи ги имаме најголемите културни амбасадори, рече ректорот на УКИМ.
Наставата за групите ќе ја изведуваат лектори коишто ќе го вложат својот максимум во пренесувањето знаења на странските слависти и македонисти. Велат дека зимската школа овозможува интерактивност и содржини коишто значајно ги надградуваат знаењата на семинарист
Зимската школа при УКИМ за првпат се одржа минатата година, како прва активност во програмата за одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на Блаже Конески како дополнување на летната школа, којашто традиционално се одржува во Охрид и годинава ќе одбележи голем јубилеј – 55 годинни.
Александра Спировска
