Македонија

Средбата на ССМ и Владата одложена за 31 јануари

24.01.2022 11:38

Во петок ќе бидат свикани сите тела на синдикатот, за како што велат од таму, да се активираат штрајкувачките одбори.

Средбата меѓу ССМ и владата за минималната плата, закажана за денес, одложена за 31 јануари. Во петок ќе бидат свикани сите тела на синдикатот, за како што велат од таму, да се активираат штрајкувачките одбори.

Овие активности, според сојузот, се со една цел-решавање на егзистенцијалните проблеми на работниците, зголемување на минималната плата на 18 илјади денари, зголемување на останатите плати и утврдување на регресот за годишен одмор во јавниот сектор, согласно утврденото право на работниците во приватниот сектор.

ССМ исто така бара и продолжување на мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи и по 31-ви јануари.