политика

Османи:Бугарија да размисли за промени во составот на историската комисија

24.01.2022 12:38

Нашите односи треба да се засновуваат на слоеви и на мрежи на соработка помеѓу различните слоеви на општеството.

Потребни се резултати од двете страни, не само од Северна Македонија за надминување на отворените прашања, порача шефот на дипломатија Османи непосредно пред посетата на македонската владина делегација во Софија. Укажа дека новоформираните работни групи треба да создадат силна врска меѓу луѓето, бизнисите и академските кругови во двете соседни држави, што ќе опстанат дури и ако политичарите не се согласуваат.

„Генерално јас имам една теза дека нашите односи не може да се засновуваат само на политичка доверба и политичкиот договор.Нашите односи треба да се засновуваат на слоеви и на мрежи на соработка помеѓу различните слоеви на општеството. Ако ги поврзуваме луѓето во една мрежа, ако ги поврзуваме бизнисите во една мрежа, ако ги поврзуваме универзитетите во една мрежа, се создава таква конструкција од слоеви да ако и политичката соработка се наруши, ќе остане силната конструкција на соработка“ изјави Бујар Османи Министер за надворешни работи.

Османи се согласува дека работата на историската комисија не е продуктивна, но вели дека можеби треба да се смени составот и во бугарската делегација за да има напредок.

„Ние досега имаме сменето двајца членови на комисијата. Република Бугарија нема променето во составот. Можеби треба да го следи нашето искуство. Не прејудицирам, само кажувам дека треба да направиме една анализа со цел да констатираме што би било добро и што би било лошо“ изјави Бујар Османи Министер за надворешни работи.

Не гледам ништо проблематично за која било друга етничка заедница да се интегрира, но и да покажат одговорност и лојалност кон државата.

Османи посочи дека сè уште нема конкретно име за амбасадор во Бугарија. Според него, ова е пропуст, но изрази надеж дека во рок од неколку дена новата влада ќе соопшти конкретно има за оваа функција.

Ирина Гелевска