Горивата на полноќ поскапуваат по два денара за литар
Цените на бензините, на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за два денари, одлучи регулаторната комисија за енергетика.

Ново поскапување на горивата од полноќ. Цените на бензините, на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за два денари, одлучи регулаторната комисија за енергетика.
Од полноќ, литар бензин од 95 октани ќе се продава за 78,5 денари, два денари поскап е бензинот од 98 октани, новата цена на дизелот е 71 денар за литар, исто колку и на екстра лесното. Поскапува и мазутот и ќе се продава за 44,213 денари за килограм.
Во просек, малопродажните цени се зголемуваат за 2,84 проценти како резултат на повисоките цени на светските берзи и движењето на курсот на денарот во однос на доларот.
