Скопје-Софија

Работна група на македонски и бугарски експерти ќе работи на железничко поврзување

24.01.2022 13:38

Документот ќе биде потпишан на седницата на двете влади.

Владата го прифати текстот на меморандумот за разбирање со Бугарија за железничко поврзување „Скопје-Софија“. Документот ќе биде потпишан на седницата на двете влади.

Со него се предвидува – формирање заедничка работна група од експерти, коишто имаат експертиза за управување со проекти, европско и меѓународно право, инженерство и финансии, за да се забрза процесот за спроведување на проектот, кој има значително стратешко и економско значење за граѓаните и економиите на двете држави.

Согласно меморандумот, работната група ќе се состанува најмалку четири пати годишно.